Денес Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.
За секое лице е исплатено 150.000,00 денари.
За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.
Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари, соопшти Црвениот крст.
Текстот Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица е превземен од МАКФАКС.