Цариниците на граничниот премин Ќафасан заплениле 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин при влез во државата пријавил дека има само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи.

Поради постоење сомнеж, царинските службеници му извршиле  личен претрес, при што пронашле 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари, соопштија од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд, известуваат од Царинската управа