Компанијата Даути Комерц АД Скопје се стекна со статус на Овластен eкономски oператор (ОЕО) за царински поедноставувања, безбедност и сигурност во работењето.

За оваа цел, денес директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со заменик директорот Муарем Асани и висок раководен тим од Царинската управа беа во работна посета на компанијата Даути Комерц, на која беше доделено Одобрението за Овластен економски оператор.

Ова е уште едно признание за досегашното успешно работење на Даути Комерц, доказ дека компанијата е препознаена како сигурен и безбеден партнер на Царината и има воспоставено контрола над процесите на своето работење.

На средбата директорката Кутиров истакна дека сè повеќе компании ја разбираат потребата и важноста да се биде ОЕО. Исполнувањето на условите за добивање на статус на ОЕO, на овие компании им овозможува  примена на царински поедноставувања,намалени контроли, кои важат од неоддамна и во земјите од Отворен Балкан. Ова истовремено влијае на јакнење на нивната конкурентност во регионот и ЕУ.

Даути Комерц АД Скопје е 27-та по ред македонска компанија која добива статус на Овластен економски оператор.

Листата на домашни компании кои имаат одобрение за ОЕО може да ја погледнете на следниот линк:

https://www.customs.gov.mk/ovlasten-ekonomski-operator.nspx