Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово (09/10.08.2022) направи пресек за пожарите во последните 24 часа: има еден активен пожар и 26 се изгаснати. ЦУК е во постојана комуникација и координација со силите на терен и податоците се следниве до 07.00 часот утрово:

Активен пожар на ден 09-10.08.2022

1. Охрид с.Вапила и с. Сирула – гори борова  дабова шума и ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило на ТППЕ – Охрид со 3 пожарникари и 3 лица на ЈП Национални шуми подружница „Галичица“

Изгасени пожари на ден 09-10.08.2022

1. Скопје Студеничани с. Пагаруша – горела сува трева и е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 12.40 до 13.45.

2. Скопје Ѓорче Петров – с.Орман горела сува трева и е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 15.40 до 16.45.

3. Куманово Табановце с.Речица  – сува трева и заштитен багремов појас и е интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари од 16.20до23:00 на површина од 50 х и е ликвидиран.

4. Куманово – с.Ропалцеи с.Никуштак – горело стрниште и е интервенирано со 1пп возило и 3 пожарникари од 21:50 до 23:10.

5. Куманово – нас. Бедиње горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 19:50 до 20:27.

6.  Куманово – ул.Моша Пијаде горела  станбена зграда и е интервенирано со 1пп возило и 5 пожарникари од 20:45 до 21:30.

7. Битола – нас. Баир горело ѓубре и гуми и е интервенирано со  1пп возило и 2 пожарникари 14:00 до 16:10.

8. Битола – магистрален пат горела сува трева и ниска вегетација – ликвидиран.

9.Прилеп-Битола-Ресен горело запалено ѓубре и е интервенирано со 1 пп возила и 3 пожарникари 20:40 до 21:35

10. Демир Хисар – с.Журче – горела ниска вегетација и капини и е интервенирано со 1пп возило и 1 пожарникар 10:10 до 10:45 на површина од 0.2 ха

11. Прилеп – с.Житоше горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило 3 пожарникари 12:34 до 14:20.

12. Тетово – с.Фалише горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 13:50 до14:40.

13. Тетово – Мала Речица горела ниска вегетација 1 пп возило и 3 пожарникари 16:30 до 17:10

14. Тетово – с. Боговиње горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 16:15 до17:30

15. Тетово – с.Орачше изгорена куќа и е интервенирано со 1 пп возила и 3 пожарникари 17:28 до 18:30.

16. Гостивар – с.Неготино горела нива со жито ниска, вегетација, дрва покрај нивите и е интервенирано со 2 пп возила и 5 пожарникари од 13:07 до 16:10.

17. Кавадарци – поранешна  Јого Комерц горела ниска вегетација и е интервенирано со 1пп возило и 2 пожарникари 06:20 до 08:00.

18. Свети Николе – с.Пошириво горела  ниска вегетација и ѓубре и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 12:10 до 13:55.

19. Штип – с.Аргулца горела ниска вегетација и е интервенирано со 1пп возило и 3 пожарникари.

20. Струмица – С. Фурка борова шума и ниско деградирана шума и е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари и 2 вработени во ЈП НШ подружница Кожув 07.08.2022 од 09:30 на 09.08.2022 до18.00 еликвидиран.

21. Прилеп -Општина Долнени с.Дебреште горела сува трева и е интервенирано со 1 ПП возило и 6 пожарникари1 теренско возило, 4 вработени од ЕЛС Долнени, 2 полицајци од ПС Ропотово и 4 лица од месното население кои со 2 трактори 14.12 до16.45  е ликвидиран на површина од 4 ха.

22. Дебар – с.Могорче – горела депонија и е ликвидирен.

23. Скопје – Гази Баба горела трска и е интервенирано со 1 пп возило и 4 пожарникари 19:40 до20:40.

24. Скопје – Арачиново горело ѓубре и е интервенирано со 1 пп возилои 4 пожарникари 21:40 до23:05

25. Скопје – Арачиново горела сува трева и броило и е интервенирано со 1 пп возило и 4 пожарникари 22,25 до 23.55.

26. Скопје – Шуто Оризари горела сува трева и ѓубре и е интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари 23:50 до 00:40 часот.