Во последните 24 часа на територијата на земјава има седум пожари коишто сите се локализирани, а потоа изгаснати и не се големи шумски пожари, информира Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција.
– По еден пожар бил регистриран околу градовите Скопје, Охрид, Крушево и Неготино, а четири такви на нискостеблести растенија и трева имало околу Битола. Со оглед на состојбата со бројот на пожарите на отворен простор, како и поволната хидрометеоролошка ситуација, Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК препорача на Владата да донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми, донесена на 3 август. Тоа вчера и се случи, па Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шума која беше донесена согласно предлогот на Министерствот за земјоделство, потсети Бојаровски.
Тој истакна дека Главниот штаб за управување со кризи се уште ја следи и ја координира состојбата со пожарите, а силите од системот за управување со кризи се во постојана подготвеност за активирање на барање на штабот.
– Главниот штаб за упрвување со кризи го задолжи ЦУК да подготви барања за поддршка од Армијата за да се обезбедат потребни копнени сили и воздухопловни сили да бидат во целосна подготвеност за потребите за ангажирање за против пожарите во случај на потреба и во овие денови кога имаме стишување и целосно запирање на огнената стихија, рече тој.
Бојаровски истакна и дека Дирекцијата за заштита и спасување да биде пдоготвена со тимови за гаснење пожари на отворен простор, а МВР, преку секторот за шумска полиција преку надлежните инспекциски служби да врши редовна контрола од аспект на заштита и спречување на настанатите пожари на отворен простор и ако настанат.
Тој порача и ЈП Национални шуми да продолжи со организирање и реализирање на 24-часовно дежурство на веќе локализираните пожари и патрола каде што е можно тие да настанат, а единиците на локалната самоуправа да продолжат активно да го набљудуваат и да го следат теренот и состојбите, а по потреба и да интервенираат со гаснење на пожарите на територијата на општините.