„Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води уште како активен во ЦУК. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и уште се дејствува во обиколен простор каде што сè уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро“, соопштија од Центарот за управување со кризи.