Осум дена во притвор ќе останат три лица поврзани со протестите од 5 јули пред Собраниeто и од 6 јули кај плоштадот „Скендербег” откако судија на  претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја определи оваа мерка.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Еден од нив е Цуфи Кока, кој во средата на плоштадот Скендербег упери пиштол кон демонстрантите и стрелаше во воздух, додека луѓе од чаршијата и протестантите се гаѓаа со камења, шишиња и други предмети.

Притвор доби и 18-годишното момче кое на 5-ти јули во текот на протестите пред Собранието карши објектот подготвуваше молотов коктел и го запали по што го предаде на друго лице за да го фрли кон кордонот полицајци кои го обезбедуваа законодавниот дом и се обидуваат да воспостават ред во хаосот кој настана таа вечер.