„Црвено-белите“ потврдија дека Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарската екипа. Како што објави кошаркарскиот тим, спогодбено е прекината соработката.
„КК Црвена звезда му се заблагодарува на Саша Обрадовиќ за посветената работа и големиот професионализам кој го покажа за време на водењето на клубот и му посакува многу среќа во иднина“, објави Црвена звезда.

Причина за прекинот на соработката се лошите резѕултати во Евролигата, каде „црвено-белите“ имаат само пет победи и 11 порази иако пред стартот на сезоната амбициите беа борба за пласман на Фајнал-фор турнурот.

Наследник на Обрадовиќ според српските медиуми ќе биде поранешниот тренер на „црвено-белите“, Дејан Радовиќ. Радоњиќ беше главен тренер на Црвена звезда од 2013 до 2017 година и тогаш освои четири титули во АВА лигата.