Салата Комбанк ги прекршила епидемиолошките мерки што се на сила во Србија и поради тоа најверојатно ќе биде казнета.

Имено синоќа групата „Црвена Јабука“ оддржа концерт, па иако беше наведено дека биле почитувани сите епидемиолошки мерки, премиерката најави дека организатторите ќе бидат казнети.

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека, како дел од мерките против ширење накоронавирусот, ќе инсистира да бидат откажани сите концерти и дека скоро сигурно ќе има нови мерки за викендот.

Брнабиќ, по повод можни нови мерки за сузбивање на епидемијата „ковид-19“, рече дека најпрво е неверојатна и дека е изненадена што во ова тешко време се организираат концерти во Белград.

-Ќе разговараме со претставниците на градот Белград за да видиме како се случило и ќе инсистираме да се откажат сите концерти. Тоа е спротивно на сите правила и мерки и ќе бараме да бидат казнети организаторите. Тоа не е е театар претстава или културен настан, рече Брнабиќ.

Кога станува збор за влошување на епидемиолошката состојба, премиерката рече дека вакцинацијата помага да не биде уште полошо, но дека скоро сигурно ќе има нови мерки за викендот.