Хидрометеоролошките заводи во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска објавија црвен метеоролошки аларм поради високите температури.
Advertisements
Во согласност со препораките на Светската метеоролошка организација, на населението му препорачува да презема мерки на претпазливост при вакви временски услови.
Дневните температури достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Викендов ширум Хрватска се очекуваат екстремно високи температури, поради што во речиси сите региони е издаден црвен метеоролошки аларм, што укажува дека времето претставува многу висок ризик.
Црвеното предупредување е на сила за регионите Книн, Риека, Сплит и Дубровник.
И Албанија минува низ најтоплите денови во годината каде температурите достигнале до 40 степени Целзиусови. Викендов се очекува термометарот да достигне 42 степени.