Серверите на Владата на Црна Гора се цел на сајбер напад, соопшти денеска Министерството за јавна администрација, додавајќи дека ова се најсофистицираните напади што досега се случиле во Црна Гора. Како што соопшти ова министерство, прелиминарните податоци покажуваат дека нападите се состојат од комбинација на неколку различни методи на сајбер напади.
„Засега е потврдено дека раното откривање на нападот овозможило клучните системи да останат заштитени, но се утврдува степенот на штетата, по што ќе бидат дадени попрецизни информации“, се вели во соопштението.
Се наведува дека порталот www.gov.me бил привремено затворен, односно изолиран, со цел посоодветна одбрана од сајбер напади врз инфраструктурата на Владата. Граѓаните можат безбедно да ги користат владините служби кои се во функција“, се додава во соопштението.