Во изминатите 24 часа, според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 17 смртни случаи за кои се тврди дека се последица од Ковид 19. Најмладиот пациент имал 23 години, највозрасниот 90. Министерството за здравство не соопшти повеќе детали за починатиот 23 годишен пациент, односно дали имал претходни коморбилитети и други хронични болести.
16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
За 24 часа направени се 4096 тестови, од нив позитивни биле 1347 лица. Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани и 451 оздравен пациент. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.