Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се вкупно 35 починати лица, од нив 16 во Скопје. Најмладиот пациент бил од Гевгелија и имал 34 години. Засега не е познато дали имал коморбилитети. Сите пациенти починале во болнички услови. Министерството за здравство соопшти дека оздравеле 514 пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.