Од утре во Црна Гора стапуваат на сила нови епидемиолошки мерки, максимално либерализирани, соопшти денеска Министерството за здравство.
Режимот на граничен премин за земјите од регионот не е променет. Одлуката е донесена врз основа на проценка на моменталната епидемиолошка состојба и бројот на вакцинирани жители, како и пад на бројот на заразени лица, на предлог на Советот за борба против коронавирусот.
Од 19 јуни до петок, 2 јули, ќе се укине ограничувањето за работа со угостителски објекти, но без музика по 23 часот.
Се укинува временското ограничување за работа на компании и претприемачи што се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека, салони за убавина, фризерски салони …).
Се укинува временскиот рок за работа на приредувачите на игри на среќа, културните институции и е дозволено да се одржуваат обуки на спортисти, спортски натпревари и спортски турнири во помали спортски простории во затворен простор со посебни мерки.