„Црн петок” во Македонија – маркетиншки трик за празни кеси и полни каси. Пазарните инспектори вчера во моловите во Скопје извршиле проверки, дали трговците даваат реални попусти. Во над 30 акциски надзори, најголем дел од пропустите се кај трговците кои не го почитуваат новиот закон за потрошувачи, објави Сител Тв.
Како што објави оваа телевизија, тој предвидува на производите да биде означена старата цена, а до неа новата која е на попуст. Праксата кај трговиците е пак, врз старата цена да биде залепена нова, па многу често се случува цената да е иста, а само да се дава впечаток во јавноста дека производот е на попуст.