Во последното деноноќие,покрај големиот број новозразени, во Албанија регистани се седум починати лица од Ковид-19, меѓу нив и 21-годишен пациент, што е најмлада жртва до сега од вкупно починатите 1.230 лца од опасниот вирус.
Според Министертвото за здравство и социјална заштита,во изминатите 24 часа направени се 3.927 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 673 лица.
-Во исто време во списокот на оздравени се впишани 436 лица а во четирите ковид болници се третираат 260 пациенти, 29 на интензвна терапија, од нив шестмина се интубирани, информираше министертвото.
Истиот извор наведува дека до сега направени се 284.308 тестови, позитивни биле 62.378, оздравеле 36.971, активни на болеста се 24.177 лица.
Министерката за здравство Огерта Манастирлиу,по обиколката на стадионот „Ер Албанија“ информираше дека се поставени сите планирани 60 кабини, каде ќе се спроведува имунизацијата против Ковид-19,додавајќи дека според планот секоја минута ќе се вакцина по едно лице.
По Тирана, најави таа, вакви центри за вакцинација ќе бидат отворени во Валона и Скадар.
Се очекува ванцинацијата во ова земја да почне првите денови од третата недела на овој месец со вакцини на Фајзер,кога од договорените 500.000 треба да приситигнат првите 10.750 вакцини.