Повеќе од 123 милиони случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата, при што над 2,716 милиони од заразените починале.
Регистрираниот број на случаи на заразени со коронавирус во светот е само дел од реалниот број заразени, јавија западни медиуми. Некои земји тестираат само луѓе во сериозна состојба, а голем број сиромашни земји не се во можност да направат доволно тестови. Сепак, со зголемувањето на достапните тестови и подобрувањето на методите за следење контакти, бројот на пријавени случаи генерално се зголеми.
Во вчерашниот ден регистрирани беа речиси 407 илјади нови случаи на коронавирус. Починаа 5.630 луѓе.
Неделите често се пониски затоа што е слободен ден во повеќето земји ширум светот и могу официјални институции се затворени.
Најголем број на смртни случаи во последните 24 часа имало во Бразил (1.290), по што следат САД (449) и Русија (361).
САД се земја која е најпогодена од пандемијата, со најмногу заразени (29.819 милиони) и смртни случаи (над 542 илјади). Следат Бразил (повеќе од 294 илјади починаа од 11.998 милиони заразени), Мексико (над 198 илјади починаа од 2,195 милиони заразени), Индија (скоро 160 илјади починаа од 11,664 милиони заразени) и Велика Британија (над 126 илјади починаа од 4,296 милиони заразени).
Чешка е на прво место според бројот на смртни случаи на 100.000 жители (232). Следат Белгија (196), Словенија (191), Црна Гора (191) и Унгарија (189).
По региони, Европа е најтешко погодена (скоро 920.000 од 41.414 милиони заразени). Следат Јужна Америка и Карибите (над 743 илјади починале од 23,605 милиони заразени) и Северна Америка (САД и Канада, со повеќе од 565 илјади смртни случаи од 30,752 милиони заразени). Најмалку погодениот регион е Океанија (973 починаа од скоро 35.000 заразени).