Лидерот на грчката опозиција, Алексис Ципрас смета дека Преспанскиот договор со Македонија има многу придобивки за Атина.
Ципрас вели дека ако тогашната Влада на СИРИЗА се повлекуваше пред притисоците на сегашниот премиер Кирјакос Мицотакис, денес северниот сосед ќе бил непријател и сојузник на Турција.
„И се подразбира што ова би значело во услови на опасна ескалација на турската провокација“, ијавил Ципрас во грчкиот Парламент говорејќи за надворешната политика.