Пол Вајбру, познат по прекарот високиот Пол, работел како слуга на кралицата Елизабета Втора. Тој е еден од ретките кој го знае секој детал од нејзиниот живот.
Роден е во 1959 година, а за кралицата работеше од 19-годишна возраст. Тој беше оној кој прв и одговараше на секој телефонски повик и ги договори сите интервјуа. Минатата година тој стана член на персоналот на кралицата со најдолг стаж во Бакингемската палата. За неговата служба беше награден со сребрен и златен медал.
Во 2006 година, кралицата Елизабета одлучи да се пресели во замокот Виндзор. Го замолила и да се пресели бидејќи само така се чувствувала безбедно. Таа му дозволила да ги искористи нејзините пари за да го реновира замокот по негов вкус.
Кога Мајкл Фаган упадна во спалната соба на кралицата во 1982 година, Пол беше тој што го задржа додека не дојде полицијата. Блиските пријатели на Пол изјавиле дека поради посветеноста на работата, тој никогаш не се оженил. Тој е, без сомнение, една од најинтригантните личности во британската историја.
“Тој знаеше дека може да се вработи во приватниот сектор и да почне да заработува повеќе, но никогаш не му падна на памет да го стори тоа. Веруваше дека припаѓа на кралицата се додека таа го сака. Таа му веруваше безусловно. Тој знае сè нејзините тајни и никогаш никому нема да ги открие“, изјави неговиот пријател за Daily Mail.
Секако, на погребната поворка на кралицата бил присутен и Пол.
“Човекот на чело на поворката се вика Пол Вајбру. Тој беше со кралицата 44 години. Нејзиниот слуга и придружник. Сега ја придружува последен пат”, напишал еден корисник на Твитер.