Иван Чупиќ го понесе признанието за најкорисен играч, додека пак Борко Ристовски е најдобриот голман.
„Мислам дека влеговме со преголем респект кон Вардар и тоа создаде голема предност на противникот во првото полувреме. Не успеавме да се вративме во вториот дел и покрај преголемиот напор од наша страна. Пресуди нивното искуство, имаат повеќе вакви натпревари, им честитам на заслужената победа. Ние сме клуб што е во раст и верувам дека најдобрите резултати на Еурофарм Пелистер допрва ќе следат“, изјави Чаневски по финалето.
Капитенот на Еурофарм Пелистер бранеше извонредно откако го замени Хендави и даде значаен придонес во резултатскиот камбек на битолчани, па Ристовски реши да му ја врачи наградата што најпрвин му беше дадена нему.