Професорката на Правниот факултет Ана Чупеска, во „Клик Плус“ на ТВ21 објасни за уставните измени, со оглед дека таа беше дел од работната група.

Таа објасни што се менува во Уставот, но и дека не се загрозува уставниот поредок.

„Не се загрозува уставниот поредок, ниту правниот основ е оспоруван. Тоа не е бугарски диктат, туку е преговарачка рамка понудена од сите земји на ЕУ“, рече Чупеска.