Техничкиот министер за внатрешни работи кога стапил на должност, преку писмо кое денеска го објави Спасовски барал од Крим полиција да ги дознае сите истраги кои се водат.
„Барал сите постапки, сите истраги кои се водат да бидат доставени за потребните на кабинетот, а тоа воопшто не е возможно согласно позитивните законски прописи, оној кој што ја води истрагата е надлежен инспектор во одделот во кој се води истрагата“, изјави Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.
Спасовски додаде дека криминалистичките истраги не може да бидат достапни за никој, ниту пак за Министерот за внатрешни работи.