Се чини дека во Баерн Минхен има недоразбирања. Имено, пред мечот со ПСЖ спортскиот директоро на клубот Хасан Салихамиџиќ изјави дека дефанзивецот Боатенг нема да биде дел од Баерн Минхен следната сезона. Неговиот договор истекува, па соработката нема да биде продолжена. Боатенг во игра влезе од клупата, а за третиот гол кој го постигна Мбапе за победа на ПСЖ од 3:2 беше виновен токму тој кој не го маркираше како што треба францускиот напаѓач.
Но, по мечот за ова беше прашан и тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, кој би се рекло даде чудна изјава, која уште повеќе предизвика чудење.
– Морам да одговарам на сите прашања професионално, но не можам да ви дадам одговор на се, а и не го сакам тоа. Морам малку и да глумам. Глумата е дел од тренерската работа, изјави Флик.