Поранешниот олимписки првак во борење, Шабан Трстена кој на Македонија и го донесе единствениот златен медал од Олимписки игри, веќе 15-дена се бори против ковид 19 во болница. Дури денеска напиша дека е подобро и се заблагодари на лекарите за нивната пожртвуваност и борба против овој вирус.
-Ја користам можноста и моментот уште еднаш да апелирам до премиерот и целиот државен апарат, дека овие големи херои облечени во бело треба да им дадеме мотовација и бидат наградени, украсени со највисоки државни почести. Ова ќе се запишува и ќе ја кажува историјата низ вековите. Ова ќе биде меѓународна гордост на нашата мала земја, но од големо срце што знае да ги цени и наградува големите херои, во овој случај лекарите. Бог да го благослови нашиот народ. Со почит, срдечни поздрави од вашиот олимписки шампион, Ш.Т“, напиша меѓудругото Трстена на Фејсбук.
Драги мои, пријатели,добро утро Вог нека е со нас, браќа и сестри, спортисти, професори, уметници, писатели, новинари,…
Posted by Shaban Trstena on Friday, 26 March 2021