Во текот на вчерашниот ден околу 18:35 часот во СВР Тетово било пријавено дека во водите на река Вардар, во атарот на с.Чегране, во близина на мостот, забележано е човечко тело.
Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, соопшти денеска СВР Тетово.