„Никој не профитира вчера. Сите се губитници“, изјави новинарот Александар Чомовски во емисијата „Топ тема“, како коментар на вчерашните случувања во и надвор од Собранието.

Чомовски потсетува дека и порано сме имале вакви контроверзии со исчезнување на пратеници.

„Пред 10,11 години имавме 4-5 пратеници од Владата на Љубчо Георгиевски, кои ги снема одеднаш затоа што му постоеше опасност да ја изгуби владината коалиција. Нема нешто што не сме имале. Ако анализираме ќе видиме два апсурди: Едниот дека Заев невообичаено и брзо се врати во игра, без оглед на оставката, а второ Мицкоски со големи амбции влезе во намерата за да ја бутне Владата“, смета Чомовски.