Членот на мешовитата македонско-бугарска комисија за историја проф. д-р Кирил Топалов ја нарече Р.С. Македонија Северна Кореа на Балканот заради жестоката цензура во земјата и жестокиот тоталитаризам што владее кај нас според него.
„Се извинувам за тоа што ќе го кажам но Северна Македонија е една Северна Кореа на Балканот. Таква жестока цензура, таков жесток тоталитаризам има таму што ние не неможеме да си го замислиме, бидејќи ние тие нешта одамна ги имаме заборавено.“, изјави проф Топалов во утринската програма на БТВ „Тази сутрин“, каде што гостуваше заедно со проф. Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик кон Бугарската академија на науките (БАН).
Членот на мешовитата комисија ги спомна и списоците со македонски Бугари кои се појавија на социјалните мрежи и повиците истите да бидат напаѓани, тепани и прогонети од Македонија.
Проф. Топалов сепак вели дека за моменталната ситуација со историскиот спор со Р.С. Македонија, огромна вина има и комунистичка Бугарија која направила огромни отстапки во однос на историската вистина.
Повеќе погледнете во видеото што следи: