Хрватски научник од германскиот институт Гете, Иван Ѓикиќ вели дека четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот, поради ширењето на делта сојот, веќе започнал и тврди дека не може да се спречи, но, како што вели, може да се контролира поефикасно за да се намали бројот на нови инфекции и смртни случаи.
Ѓикиќ, инаку молекуларен билог, предупредува дека нема простор за релаксација бидејќи и земјите што успеаја да вакцинираат повеќе од половина од населението, како Велика Британија, Шпанија и Португалија, се најдоа во големи проблеми.
Во интервју за сараевскиот „Дневни аваз“, Ѓикиќ истакна дека делта сојот се шири дури 60 проценти побрзо од првичниот британски алфа сој.
Ова е токму она што доведе до ситуација во која, на пример, во Велика Британија, дури 90 проценти од новоинфицираните лица се заразени со делта сојот“, вели Ѓикиќ, кој ја опишува ситуацијата во таа земја како опасна и која, како што вели, води кон полошо.
Тој посочи дека бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден. А тоа, според него, значи дека овој вид може да создаде проблеми дури и со вакцините.
Сепак, неговата препорака е да се зголеми и забрза имунизацијата, но и да се интензивира тестирањето за да се утврди појавата на делта сојот.
Ѓикиќ тврди дека четвртиот бран на инфекција не може да се сопре, но дека може да се контролира ширењето на вирусот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.