Во име на Социјалистичката партија на Македонија и во мое име на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.
Со искреното чествување на големите празници се навраќаме на изградените вредности и на традициите.
Ви посакувам овие празнични денови да ги посветиме на семејството и најблиските, а на тие на кои им е потребна помош да им помогнеме Секогаш во себе да имаме добра мисла.
Уште еднаш да се потсетиме на значењето на заедничкото живеење, на меѓусебното разбирање и толеранцијата. Да останеме поврзани меѓу себе и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на верската, етничката или друга припадност, градејќи праведно и просперитетно општество.
Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот.
Честит Рамазан Бајрам!