Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница во земјава, реис-ул-улема Шаќир ефенди Фетаи, како и до сите припадници на муслиманската вероисповед.

Рамазан Бајрам го одбележуваме како круна на изминатиот месец на постот, во кој со нашите дела и нашата пожртвуваност сакаме да бидеме подобри луѓе и во вистинска смисла на зборот да бидеме солидарни и хумани, на начин на каков не учи нашата вера.

Нека овој празник биде мотив општеството да го прадиме врз основа на заедништво, љубов, сплотеност, меѓусебна доверба и почит. Рамазан бајрам мубарек олсун.