По повод големиот христијански празник Христово раѓање Божик, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед.

-Дозволете во свое лично име и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје и радосни празнични мигови. Христовото раѓање е нова просветлена иднина за човештвото. Да се радуваме на празникот на љубовта, единството и солидарноста, како највозвишени човечки особини. Да ја споделуваме радоста и да се заблагодариме за Божјата милост, за љубовта на Бога кон човечкиот род, се вели во честитката од Спасовски.

Нека овој голем празник ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, се посочува, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме едни на други, заедно да градиме мир во нашето општество.

-Ви посакувам празничен период исполнет со хармонија и многу радосни моменти со најблиските. Христос се роди! Среќен Божик!, се нагласува во честитката од Спасовски до граѓаните од католичка вероисповед.