Чешкиот хеликоптер „Блек хок“, кој пристигна на скопскиот аеродром, се упатува кон планината Готен, каде ќе се вклучи во гаснењето на пожарот од беровска страна.
На состанокот утрово беше утврдено дека вештачкото езеро Турија, оддалечено околу десет километри воздушна линија од пожарот, е најпогоден извор за полнење вода.
Покрај чешкиот хеликоптер, во земјава пристигна и конвој од 61 словенечки пожарникар со 18 возила. Според податоците на Центарот за управување со кризи, утрово активни се три пожари, пет се под контрола, а дваесет се изгаснати.
Текстот Чешкиот хеликоптер ќе го гасне пожарот на планината Готен е превземен од МАКФАКС.