Третиот дуел од четвртфиналето на ЕУРО во Баку го одиграа репрезентациите на Чешка и Данска, а конечниот резултат гласеше 1: 2 за Данска.
Почеток од соништата за Данците. Во петтата минута кога Делејни, по корнер, добро скокна, шутираше со глава и донесе предност за Данска од 0:1.
Пет минути подоцна уште една голема шанса за Данците, сепак Долберг не беше прецизен во финишот.
Во 17. минута голема шанса за Чешка. Шик излезе сам пред Шмајхел, но данскиот голман го спречи неговиот обид.
Во 27-та минута нова шанса за Чешка, но одбрана на Данска на висина на задачата. Данците се заканија во 35-та минута преку Мехле, резултатот беше 0:1.
Во 42-та минута Мехле брилијантно го ангажира Долберг кој ја заби топката во мрежата на Чешка и водството на Данска од 0:2, што беше и резултат на првото полувреме.
Чесите го отвораат второто полувреме, слично на првото Данците. Во 48. минута Шик ја затресе мрежата на Шмајхел и го намали водството на Данска на 1:2.
После тоа тивок период од играта до 68-та минута, кога Поулсен имаше добра шанса за Данс, остана 1: 2.
Во 80-та минута нова добра акција на Чешка, Соучек на крајот беше непрецизен. Во 82-та минута Вацлик брилијантно го одбрани обидот на Мехле.
До крајот на мечот немаше промена на резултатите и Данска избори пласман во полуфиналето на ЕУРО, каде го чека подобриот од вечерашниот дуел Англија – Украина.