Чешка наскоро ќе пушти во употреба сопствен лек против Ковид-19, изјави денеска пред новинарите премиерот Андреј Бабиш.

Лекот се наоѓа во последната фаза од постапката за одобрување од страна на чешкиот Државен институт за контрола на лекови. Медикаментот ќе се дава во форма на таблети или како спреј за инхалација, посочи чешкиот премиер, без да наведе други детали.

Бабиш денеска замина во еднодневна работна посета на Израел со цел да го утврди искуството на оваа земја во вакцинирањето на населението и да разговара за можностите за заедничко производство на лекови против коронавирусот.