Чешка и испрати на Украина неколку тенкови Т-72 и неколку борбени пешадиски возила БВП-1, изјави неименуван претставник од чешкото Министерство за одбрана.
Претходно, чешката телевизија објави снимки од Твитер на кои се гледаат пет тенкови и пет борбени возила товарени на воз.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова одби да ги потврди или да ги демантира деталите за чешката помош за Украина.
– Можам само да Ве уверам дека Чешка и помага на Украина колку што може и ќе продолжи да помага со воена опрема, истакна Чернохова.