Лино Червар со Хрватска на Мундијалот во Египет стартуваше со нерешен резултат против Јапонија, средбата заврши 29-29, ова е големо изненадување во Египет.

Червар смета дека атмосферата на светското првенство ја нарушуваат некои детали, како на пример патувањето до салата каде се играат натпреварите со воени оклопни возила.

-Кога одиме на тренинг или натпревар со шест оклопни возила, изгледа како да одиме во војна, а не на натпревар. Ова светско е посебно по многу нешта, посебна ситуација, некои се болни, некои тренираа помалку, некои повеќе, не би сакал да говорам ништо околу фаворитите, но се чини дека тој што ќе се прилагоди подобро на ситуацијата, ќе биде успешен на крајот, изјави Червар.

Хрватска вечерва од 18 часот се среќава со Ангола, средба која мора да ја добие по секоја цена.