Челзи во наредните денови ќе испрати понуда до Баерн Минхен за крилниот напаѓач Серж Гнабри, пренесуваат медиумите на Островот.
Advertisements
Очекувањата се наскоро Челзи да го комплетира трансферот на Рахим Стерлинг, но Тухел сака уште еден крилен напаѓач поради заминувањето на Лукаку и очекуваната разделба со Зијех.
Прва мета до овој момент беше Рафиња од Лидс, но Бразилецот преферира преселба во Барселона, па „сините“ ќе се насочат кон други мети.
Тоа е причината поради која Челзи сака да го доведе Гнабри и е спремен да понуди 45 милиони фунти, а договорот на Германецот со Баерн истекува следното лето.
Извор: спортски