Италијанскиот репрезентативец и играч на Јувентус, Федерицио Киеза е мета на Челзи.
Новинарот на германскиот Билд, Кристијан Фолк откри дека Челзи го контактирал Јувентус за да ги започне преговорите за трансферот на Киеза.
Наводно, лондонскиот клуб и понудил на Старата дама дури 100 милиони евра, но клубот од Торино одби да преговара за заминување на италијанскиот репрезентативец.
Киеза одигра одлично Европско првенство. Тој беше важен дел од тимот на Манчини кој ја освои европската титула.
23-годишникот постигна два гола, а беше избран и во шампионскиот тим на УЕФА, па не е изненадувачки што актуелниот европски клупски шампион го посакува во своите редови.
Тој минатата сезона одигра 33 натпревари во Серија А, постигна девет гола и додаде исто толку асистенции.
Инаку, Киеза ја започна својата кариера во Фиорентина. Одигра 153 натпревари за овој клуб и постигна 34 погодоци, на кои додаде 25 асистенции.
Во трансфер вреден 60 милиони евра, тој пристигна во Јувентус, а во редовите на Старата дама досега има одиграно 43 натпревари со ефект од 14 голови и 10 асистенции.