Бурно лето за Интер по одличниот крај на сезоната.
Интер стана шампион на Италија по десет години, се очекуваше почетокот на ерата на трофеите, но наскоро се почна да се распаѓа како кула од карти.
Прво замина Антонио Конте, „алфа и омега“ на шампионскиот тим, потоа одличниот Ашраф Хакими, а следен кој ќе тргне по тој пат е Ромелу Лукаку.
Последните информации велат дека Интер ќе го продаде Лукакау за 120 милиони евра на Челзи, каде и претходно играше одличниот Белгиец.
Од Англија стигнуваат вести дека во случај на продажба, Интер практично ќе добие само половина од вкупната сума на трансферот за таа сума.
Имено, „нероаѕурите“ се уште должат 55 милиони евра за трансферот на Лукаку пред две години, а покрај тоа, Манчестер Јунајтед има право на 5% од идниот трансфер.
Значи, „Црвените ѓаволи“ ќе добијат нешто повеќе од 60 милиони евра доколку Интер го продаде својот најдобар играч за 120 милиони евра.