Голманот на Челзи, Петр Чех, проговори за осминафиналето во Лигата на шампионите. Во оваа фаза, лондонскиот клуб ќе се соочи со Атлетико Мадрид.

– Нема воопшто да ни биде лесно. Атлетико има големо искуство во Лигата на шампионите и во европските натпреварувања. Тие се секогаш тежок ривал. Се претставија добро оваа сезона во Ла Лига. Во минатото игравме против Атлетико, тогаш нашите резултати со нив не беа многу добри, изјави Чех.

Триесет и осумгодишниот голман се повлече од фудбалот по сезоната 2018/19. Сепак во октомври оваа година, Челзи го вклучи чешкиот играч на списокот за англискиот шампионат.