Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин се чини дека успеа да ја добие битката со големите клубови, но останува да се види дали ќе ја добие војната. Како што вели тој, разочаран е од односот на некои луѓе, претседатели на клубовите со кои имал блиски пријателски односи.
Сепак, најмногу бил разочаран од првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.
-Никогаш не сум видел некој толку да лаже, изјави Чеферин. Сепак, како што вели тој, некои клубови ќе мора да сносат последици поради потписот за формирање на Суперлигата, но не кажа какви.