Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин зборуваше за создавањето на Конференциската лига.
– Ние сакаме да ги направиме нашите турнири поинклузивни – да им дадеме на повеќе клубови и навивачи можност да сонуваат и да се борат за европски трофеи.
Затоа ја создадовме Конференциската лига. УЕФА има 55 национални асоцијации и важно е да им се даде шанса на клубовите од што повеќе асоцијации да го продолжат својот настап во Европа што е можно подолго, изјави Чеферин.
Конференциската лига не Европа е трето по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување, по елитната Лига на шампиони и Лигата на Европа.
