Чедомир Јаневски (59) повторно ќе тренира клуб во Кипар, претходно во таа земја беше на клупата на Енозис Неон Паралимни и Етникос Ахна.

Поранешниот македонски селектор според кипарските медиуми е прв избор на Олимпијакос Никозија и наскоро би требало биде официјално промовиран.

Тоа се очекува да се случи во текот на утрешниот ден и биде потпишан договорот.

Моментно овој клуб настапува во најсилното тамошно првенство каде веќе подолг период реди само порази (сега е на деветтата позиција) по што следуваше и разделбата со досегашниот стратег Леонидас Воколос.

Јаневски во тренерската кариера ги водеше уште египетскиот Исмаили, Вардар, белгиските Ваасланд-Беврен, Мускрон, Монс, Клуб Бриж, асистент во Гент и грчкиот Олимпијакос, Ал-Шааб од ОАЕ, а беше на клупата и на српскиот гигант Црвена звезда.