Каталонците на крајот треба да бидат и среќни што не загубија, бидејќи Аслани имаше зицер во финишот од средбата. Сега Барселона треба да освои шест бода во последните две кола, но и да се надева на кикс на Интер.

Тренерот Чаво очекувано беше разочаран поради резултатот и начинот на кој одигра неговито тим.

„Јас сум тажен и многу лут. Морам да бидам самокритичен, не заслужуваме да играме во Лигата на шампиони оваа сезона. Ме боли, но тоа е вистината. Се извинувам бидејќи ова е грешка на сите нас, во главите си ставивме дека не смееме да згрешиме, но го направивме токму тоа. Им велиме на навивачите на Барселона дека ќе ги промениме работите и дека ќе освојуваме титули“, изјави Шпанецот.

Извор: Sport1

Прикажи повеќе