Во овој час новиот крал на Велика Британија, Чарлс Трети, официјално ќе прифати сочувство од името на британскиот парламент. Во меѓувреме, илјадници продолжуваат да се збогуваат со покојната кралица Елизабета Втора.
Кралот Чарлс III и кралицата придружничка Камила ќе добијат официјално сочувство од Долниот дом и Домот на лордовите за смртта на кралицата Елизабета Втора.
Иако Чарлс Трети ја отвори последната седница на Парламентот на местото на неговата мајка, денеска за прв пат влезе во неа како крал. По церемонијата, кралската двојка ќе лета за Единбург, каде што Чарлс III ќе оди зад ковчегот на Елизабета Втора од палатата Холирудхаус во Единбург до катедралата Сент Гилс
Имаше шпекулации дека Вилијам и Кејт, принцот и принцезата од Велс, како и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, исто така, ќе се приклучат на погребната поворка. Ваква церемонија нема одржано од 16 век, кога последен пат умре британски монарх во Шкотска.
Во 17 часот по македонско време ќе се одржи благодарност, по што граѓаните на Единбург во рок од 24 часа ќе можат да се поклонат пред кралицата. Подоцна, Чарлс Трети ќе има аудиенција со првиот министер на Шкотска Никола Старџен, ќе го посети шкотскиот парламент и вечерта ќе бдее со другите членови на кралското семејство во катедралата Свети Гилс.