Премиерот на Албанија Еди Рама на социјалните мрежи ги објави новите модни трендови. Имено, тој прво соопшти дека „Луј Витон“, познатиот бренд за чанти, пуштил во продажба чанта со албанското знаме, популарниот двоглав орел, а еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер“ пуштил во продажба часовник со ликот на Скендербег.