Кариерата на Чак Норис несомнено ја обележа неговата улога во серијата „Walker Texas Ranger“, а години потоа имаше бројни шеги на сметка на неговата сила и непобедливост.
Актерот никогаш не ја криеше својата близина со неговата мајка која неодамна го прослави својот 100-ти роденден. По тој повод, тој објави фотографија на која позира со неговата мајка Вилма.
„Мајка ми, Вилма Норис Најт, наполни 100 години. Те сакам, мамо! Среќен 100-ти роденден! Ти благодарам што му помагаш на Бог да ми даде сè што можам и треба да бидам“, напиша Чак.
Вилма Норис Најт пораснала за време на Големата депресија и на 16-годишна возраст се омажила за таткото на Чак, од кого се развела поради неговата пасија кон алкохолизмот.
Чак, кој бил сиромашен како дете, сега ужива во своето богатство, кое го дели со неговата втора сопруга, нивните пет деца и 13 внуци.