Обвинителството се уште не отворило никаква истражна постапка за објектот Титаник во Чаир, за кого истражувањето на ИРЛ покажа дека е дивоградба. Од Обвинителството велат дека во моментов ги разгледуваат информациите во врска со објектот и доколку има елементи на кривично дело. Ќе се покрене соодветна постапка.
„Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело и биде идентификуван сторител на кривичното дело, ќе преземе кривичен прогон согласно своите законски надлежности“, велат од ОЈО.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека такви проблеми со дивоградби имало, има и ќе има, а доколку објектот за кого станува збор рече дека одговор треба да се бара од општина Чаир.
Го прашавме и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој не зборуваше конкретно за објектот, туку рече дека дивоградбите во Чаир се наследени од претходните градоначалници, пред 2015.
„Со стариот закон за аплицирање имаше некаде над 8000 барања за легализација, над 5000 од нив ние како општина ги разгледавме. Ние сме една од општините со највисок процент на реализација на барањата на нашите сограѓани. Не заборавајте го и фактот дека во 2015 кога ја презеде ДУИ оваа општина, 85% од објектите во општина Чаир беа дивоградби и нив не ги направи ДУИ, туку претходните градоначалници кои менаџираа со оваа општина“, посочи Висар Ганиу.
Според истражувањето на ИРЛ, зградата Титаник немала дозвола од општина Чаир. Темелите на зградата се поставиле во периодот 2013/13, има некаде 12 ката и над 100 стана. Според ДУП-от тука е предвидено да се изгради објект со приземје и плус 3 ката. Со стариот закон за легализација на објекти предвидено е да се легализираат сите дивоградби кои се изградени до 2011. Предлог законот за легализација на дивоградби него потпиша претседателот Стево Пендаровски по многуте критики во јавноста и поради одредени спорни точки во текстот на законот.