Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше домаќин на градоначалничката на Прешево Ардита Синани и претседателот на Советот на Прешево Сами Салиху со кои разговараше за многу прашања што се од заеднички интерес за двете општини, како и за благосостојбата на жителите што живеат во нив.
Како што информираат од општина Чаир, Ганиу ја информирал Синани дека значителен број жители на Општина Чаир имаат потекло од Прешево и регионот, но исто така и дека тие имаат семејства таму и продолжуваат да ги одржуваат тие семејни врски.
-Следствено, се согласивме со Ардита Синани двете општини Чаир и Прешево, да ги започнат постапките за збратимување, така што ќе ги приближиме нивните жители уште поблизу едни до други, но исто така и нашите две институции ќе можат да соработуваат во многу области кои директно би влијаеле на локалниот економски развој, рече Ганиу во изјавата за медиумите по средбата со градоначалничката на Прешево.