Планот за затворање на јаглените и фосилните централи е димензиониран до 2028 година, а во зелениот план е предвидено да се инвестира во нови 1600 мегавати од фотоволтаици и околу 600 мегавати од ветерници.
-Зборуваме за 2200 нови мегавати обновливи извори на енергија, а само за споредба двата блока на РЕК Битола се 350 мегавати, посочи премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма.
Порача дека Владата го намали ДДВ на струјата заради либерализираниот пазарот на електрична енергија.
-Сакаме да направиме меко спуштање, за цените да не влијаат драстично врз граѓаните. Се уште е пандемија, мора да водиме грижа за народот. Можевме парите од ДДВ да ги искористиме за политички цели, но се откажавме од нив за да не порасне цената на електричната енергија и да не биде удар за домаќинствата, рече Заев.